USA Risk Management in Adventure Tourism 2015

USA Risk Management in Adventure Tourism 2015

Од 9ти до 19ти септември во САД предстојуваше делегација составена од Крунослав Аџиевски –Претседател на Македонското здружение за заштита и сасување во планина и непристаен терен – Асклепиј , Игор Талевски –претседател на Македонската Алпинистичка Федерација и Антонио Додевски – генерален секретар на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина кои беа на обука на тема “Управување со ризик во авантуристичкиот туризам” во координација на William St John.
Првиот дел од обуката се одвиваше во Колорадо од 9ти до 12ти во организација на United States Department of State.
10 септември
во посетата на Colorado Tourism Office (создадена 2000год со цел да се промовира туризмот во Колорадо. Организацијата е предводена од сопственици на ресторани, хотели, атракции и други сродни бизниси) се дискутираше за промовирањето на рекреативниот и авантуристичкиот туризам во Колорадо од страна на Colorado Tourism Office.
Во Outward Bound USA (која е непрофитна организација која им помага на луѓето од сите возрасти да стекнат познавања во врска со експедици и да се само-спознаат) Mark Vermeal – заменик претседателот за сигурност на Outward Bound USA, дискутираше на тема програми и практики поврзани со управување на ризик на отворено.
Членовите на Colorado Wilderness Rides and Guides (водечки авантуристички центар специјализиран за искуства во природа, прошетки, тим билдинг и секакви активности на Rocky Mountains) одржаа предавање во врска со нивната организациска мисија, вредности и програма.
11 септември
Нашата делегација беше во посета на Colorado Avalanche Information Center ( која e програма на Colorado Department of Natural Resources која едуцира и промовира истражувања за заштита на животната средината, животните и подобрувањето на економијата) каде претставници на Colorado Avalanche Information Center дискутираа за начинот како нивните владини организации ги информираат локалните власти, агенциите за спасување и приватните туристички групи за опасностите.
Во Boulder Office of Emergency Management (која е организација одговорна за City of Boulder и Boulder Country со координација на државните и гратските оддели, агенциите за јавна безбедност, општините, невладините организации и приватните бизниси низ Boulder Country за планирање и одговор на итните ситуации) се дискутираше за одговорности поврзани со службите за итна помош. Каде што подоцна се приклучија и претставници на Emergency Services Group од Boulder Country Sheriff’s Office.

Вториот дел од посетата се одвиваше во Портланд и траеше од 15ти до 19ти септември.
13 септември
Во Mt. Hood Ski Patrol (која е организација задолжена за спасување, итна помош и јавна безбедност. Има повеќе од 300 волонтери задолжени за сигурноста на алпинистите, скијачите и сноубордерите) на тема мисијата и начинот на функционирање на волонтерската патрола дискутираше Jaye Miller
14 септември
Во посета на United States Forest Service (која е организација при U.S. Department of Agriculture кои се задолжени за 154 национални шуми и 20 национални ливади кои опфаќаат 780.000км2) се оддржа предавање за начинот на кој U.S. Forest Service ги балансира рекреацијата и локалните економски развојни цели преку практично одржување во шумите.
Во Portland Mountain Rescue (која е волонтерска организација задолжена за сигурноста на животите при едукација и спасување. Нивната област за спасување и едукација е со големина од 4000км2 со околу 1.000.000 жители) нашата делегација имаше можност да се запознае со историјата и работата на Mountain Rescue Association и Portland Mountain Rescue

Третиот дел од обуката се одржа во Сиетл и траеше од 15ти до 19ти септември
16 септември
Во North Cascades Institute (која се залага за инспирирање на луѓето за поблиска врска со природата низ директно искуство, главна мисија им е конзервација и реставрација на Northwest) се разговараше како нивниот персонал е вклучен во развојот и имплеметацијата на протоколот за управување со ризици и како NCI продолжува да развива програми кои ги спојуваат авантуристичкото патување, рекреацијата во природа и еколошкото образување на децата за дивината.
17 септемрви
Во Adventure Travel Trade Association (која опслужува 1000 членови во 80 држави, најчесто тур-оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и сместувања заинтересирани за авантуристичкиот туризам) се дискутираше за нивното работење во врска со поддршката на операторите и бизнисите низ светот чија дејност е авантуристичкиот туризам, како и можноста за поддршка на секторот во Македонија.
Во Mountaineers (која е општинска организација изградена врз основа на пасијата за природата, основана пред 100 години, служи за споделување на знаење, заеднички авантури, волонтерска работа и зачувување на земјата во Pacific Northwest) Chris Williams – раководител за развој на лидерство дискутираше за управувањето со ризик за големи организации специјализирани за авантура во природата.
19 септември
Последниот состанок на нашата делегација се оддржа во Alpine Ascents International (која предводи експедиции кои се репер за квалитет во алпинизмот, и соработува со најпрестижните планинарски школи во државата) каде Gordon Janow – директорот за проекти на Alpine Ascents International дискутираше за екстремните авантуристички програми низ светот, и како се управува и мониторира ризикот интерно и екстерно со клиентите и другите партнери на програмите.

Претседател

Крунослав Аџиевски