Последен поздрав !

Последен поздрав од Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – Асклепиј до загинатите пилоти од хелихоптерската единица на МВР

По повод трагичната несреќа во која животот го загубија четворица врвни пилоти од хелихоптерската единица на МВР, Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – Асклепиј од Скопје упатува најискрено сочуство до семејствата и колегите на загинатите.

Тоа е ненадоместлива загуба на врвни професионалци кои многупати излегуваа во пресрет на потребите на македонските планинари и алпинисти и благодарение на чија што професионалност и пожртвуваност беа изведени многу спасителни акции.

Македонските алпинисти – спасители на планина и членови на здружението Асклепиј, во овој трагичен момент сакаат да ја потсетат македонската јавност и љубителите на планините дека тоа беа големи и вистински луѓе кои знаеја да помагаат на вистински начин.

И покрај големата тага, се чувствуваме горди што ги познававме овие луѓе и што можевме да соработуваме со нив.

Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – АСКЛЕПИЈ

Претседател: Крунослав Аџиевски

2 Comments

  1. Barnypok
  2. GertieSlavin

    I see your blog needs some unique content. Writing manually is time consuming, but there is solution for this.
    Just search for – Masquro’s strategies

Leave a Comment

Your email address will not be published.