Извештај за погинат Израелец

Во Македонското здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, на ден 25.08.2012 година во 08.10 часот од страна на лицето А. А. од Скопје по телефон е пријавено исчезнато лице во кањонот Матка со име и презиме Г. С. државјанин на Израел. Во врска со пријавувањето за исчезнато лице Г. С. изготвен е формулар за исчезнати лица, кој формулар е стандарден со Меѓународната комисија за спасување во планина (Internazionale Komission fur Alpines Rettungswesen). Веднаш се оформени тимови за спасување составен од членовите на Здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, кој се состоеше од 5 лица и тоа: Крунослав Аџиевски со назив Помошник спасител, Игор Талевски со назив Инструктор за спасување на планина и непристапен терен, Темјана Ефтимова со назив Помошник спасител, Ана Велкова со назив Помошник спасител.

На 26.08.2012 година во 10.00 часот тимовите на Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, а по анализата на првичните информации за можна насока на движење на лицето Г. С., и заклучокот дека истиот најверојатно ја преминал браната и се упатил кон „Отмарова карпа“ започнаа со потрага по исчезнатото лице пребарувајќи по непристапниот терен сектор по сектор. Беа пребарувани и насоките АПБ, Четири клина, Нина, Борник по можен пад од насоката Новогодишен како и на подножјето на западната страна од „Отмарова карпа“.

1

 

Прилог фотографија бр.1 од птичја песпектива со црвена линија е обележана насоката Новогодишен, со сина линија е обележана насока на движење на лицето Г. С. и местото на можен пад. Со црвена стрелка и буквата А е означено местото каде што се наоѓа кутијата со тетратка на која се потпишуваат алпинистите и на која се има потпишано лицето Г. С., а стрелката Б го означува пронајденото тело.

Во текот на пребарувањето на теренот, од страна на спасителите, а со цел лоцирање на лицето Г. С. од нивните мобилни телефони беа правени обиди за воспоставување на повик кое го носело лицето Г. С., но освен  добивање на сигнал дека телефонот е сеуште активен, истиот не беше лоциран.

Од страна на еден тим од Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје на ден 26.08.2012 година беше увидено дека лицето Гидеон Сандел се потпишало во тетратката на Новогодишната насока. На оваа насока Македонската Алпинистичка Федерација има поставено кутија со тетратка за потпишување, во која се заведува ден, месец, година, час и со кого се искачувала насоката. Во тетратката е увидено дека лицето Г. С. се потпишал на 24.08.2012 година во 07,30 часот, со што се утврди дека потрагата по исчезнатото лице треба да се бара од кутијата со тетратка до излезот на оваа насока и од левата и десна страна на насоката Новогодишен поточно на „Отмаровата карпа“ по гребенот.

2

 

Прилог фотографија бр.2 – со црвена линија и број на насока 1 е обележана насоката Новогодишен. Со црвена стрелка и буквата А е означено местото каде што се наоѓа кутијата со тетратката на која се потпишуваат алпинистите и на која се има потпишано лицето Г. С.

Во 15.30 часот по движење по непристапниот терен и при повторното повикување на мобилниот телефон од лицето Г. С. од страна на спасителите, а по слушањето на звукот од звонењето на истиот, се утврди правецот во кој што се наоѓаше. По спуштањето по непристапниот терен  со употреба на алпинистичка опрема се пронајде мртво машко тело, легнато на грб со рацете свртени над главата, во одредена фаза на распаѓање.

 

Телото беше пронајдено во атарот на селото „Света Петка“ Скопје, северо-западно од црквата „Св. Никола“ до која се наоѓа карпеста провалија со длабочина од околу 50 метри која претставува подножје од источниот дел од „Отмарова карпа“. Во подножјето  на северната страна од источниот дел од „Отмарова карпа“, се наоѓа каменест предел обраснат со средно висока стеблеста шума и грмушки. Теренот на кој е поронајдено телото е со успон од дваесет степени.

 

 

Македонско здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје во 16.00 часот го извести Дежурниот центар за состојби при Министерството за внатрешни работи и од него побара да се активира воздухоплов со витло за полесно подигање на телото од непристапниот терен, притоа давајќи ги и кординатите N 41:57.1402 E  21:18.2185 на кои беше пронајдено телото. Во 18.30 часот телото беше подигнато со воздухоплов на МВР.

Во акцијата за потрага на исчезнатото лице Г. С. и подигањето на телото од лице место, учествуваа покрај Македонското здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, и Одделот за воздухопловни единици при МВР и Единицата за специјални задачи – Тигар.

 

 

Со  Почит,

Претседател,

Крунослав Аџиевски

 

7 Comments

  1. Barnypok
  2. Barnypok
  3. matt
  4. chaba
  5. gordon
  6. Gertie

    Thanks for the intighs. It brings light into the dark!

  7. Lavonna

    I’ve been absent for some time, but now I remember why I used to love this site. Thank you, I’ll try and check back more often. How frequently you update your web site?

Leave a Comment

Your email address will not be published.