News

USA Risk Management in Adventure Tourism 2015

USA Risk Management in Adventure Tourism 2015 Од 9ти до 19ти септември во САД предстојуваше делегација составена од Крунослав Аџиевски –Претседател на Македонското здружение за заштита и сасување во планина и непристаен терен – Асклепиј , Игор Талевски –претседател на Македонската Алпинистичка Федерација и Антонио Додевски – генерален секретар на Македонската асоцијација на интернационални водачи во планина кои беа на обука на тема “Управување со ризик во авантуристичкиот туризам” во координација на William St John. Првиот дел од обуката се одвиваше во Колорадо од 9ти до 12ти во организација на United States Department of State. 10 септември во посетата на Colorado Tourism Office (создадена 2000год со цел да се промовира туризмот во Колорадо. Организацијата е предводена од сопственици на ресторани, хотели, атракции и други сродни бизниси) се дискутираше за промовирањето на рекреативниот и авантуристичкиот туризам во Колорадо од страна на Colorado Tourism Office. Во Outward Bound USA (која е непрофитна организација која им помага на луѓето од сите возрасти да стекнат познавања во врска со експедици и да се само-спознаат) Mark Vermeal – заменик претседателот за сигурност на Outward Bound USA, дискутираше на тема програми и практики поврзани со управување на ризик на отворено. Членовите на Colorado Wilderness Rides and Guides (водечки авантуристички центар специјализиран за искуства во природа, прошетки, тим билдинг и секакви активности на Rocky Mountains) одржаа предавање во врска со нивната организациска мисија, вредности и програма. 11 септември Нашата делегација беше во посета на Colorado Avalanche Information Center ( која e програма на Colorado Department of Natural Resources која едуцира и промовира истражувања за заштита на животната средината, животните и подобрувањето на економијата) каде претставници на Colorado Avalanche Information Center дискутираа за начинот како нивните владини организации ги информираат локалните власти, агенциите за спасување и приватните туристички групи за опасностите. Во Boulder Office of Emergency Management (која е организација одговорна за City of Boulder и Boulder Country со координација на државните и гратските оддели, агенциите за јавна безбедност, општините, невладините организации и приватните бизниси низ Boulder Country за планирање и одговор на итните ситуации) се дискутираше за одговорности поврзани со службите за итна помош. Каде што подоцна се приклучија и претставници на Emergency Services Group од Boulder Country Sheriff’s Office. Вториот дел од посетата се одвиваше во Портланд и траеше од 15ти до 19ти септември. 13 септември Во Mt. Hood Ski Patrol (која е организација задолжена за спасување, итна помош и јавна безбедност. Има повеќе од 300 волонтери задолжени за сигурноста на алпинистите, скијачите и сноубордерите) на тема мисијата и начинот на функционирање на волонтерската патрола дискутираше Jaye Miller 14 септември Во посета на United States Forest Service (која е организација при U.S. Department of Agriculture кои се задолжени за 154 национални шуми и 20 национални ливади кои опфаќаат 780.000км2) се оддржа предавање за начинот на кој U.S. Forest Service ги балансира рекреацијата и локалните економски развојни цели преку практично одржување во шумите. Во Portland Mountain Rescue (која е волонтерска организација задолжена за сигурноста на животите при едукација и спасување. Нивната област за спасување и едукација е со големина од 4000км2 со околу 1.000.000 жители) нашата делегација имаше можност да се запознае со историјата и работата на Mountain Rescue Association и Portland Mountain Rescue Третиот дел од обуката се одржа во Сиетл и траеше од 15ти до 19ти септември 16 септември Во North Cascades Institute (која се залага за инспирирање на луѓето за поблиска врска со природата низ директно искуство, главна мисија им е конзервација и реставрација на Northwest) се разговараше како нивниот персонал е вклучен во развојот и имплеметацијата на протоколот за управување со ризици и како NCI продолжува да развива програми кои ги спојуваат авантуристичкото патување, рекреацијата во природа и еколошкото образување на децата за дивината. 17 септемрви Во Adventure Travel Trade Association (која опслужува 1000 членови во 80 држави, најчесто тур-оператори, туристички агенции, специјализирани агенти и сместувања заинтересирани за авантуристичкиот туризам) се дискутираше за нивното работење во врска со поддршката на операторите и бизнисите низ светот чија дејност е авантуристичкиот туризам, како и можноста за поддршка на секторот во Македонија. Во Mountaineers (која е општинска организација изградена врз основа на пасијата за природата, основана пред 100 години, служи за споделување на знаење, заеднички авантури, волонтерска работа и зачувување на земјата во Pacific Northwest) Chris Williams – раководител за развој на лидерство дискутираше за управувањето со ризик за големи организации специјализирани за авантура во природата. 19 септември Последниот состанок на нашата делегација се оддржа во Alpine Ascents International (која предводи експедиции кои се репер за квалитет во алпинизмот, и соработува со најпрестижните планинарски школи во државата) каде Gordon Janow – директорот за проекти на Alpine Ascents International дискутираше за екстремните авантуристички програми низ светот, и како се управува и мониторира ризикот интерно и екстерно со клиентите и другите партнери на програмите. Претседател Крунослав Аџиевски

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕАЛИЗИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОСЕТАТА НА ФРАНЦИЈА

  Основна цел на патувањето беше прибирање информации и искуства потребни за развој на планинскотo спасување во Македонија, како и запознавање со системот на функционирање на француската организација на професионални лидери и водачи во планина. Покрај тоа, во рамките на посетата во Франција…
Read more

Асклепиј-биографија

Македонското здружение за  заштита и спасување во планина и непристапен терен  АСКЛЕПИЈ Скопје е формирано во 2005 година во Скопје, со слободно здружување на истомисленици и  ентузијасти, чија главна цел е зголемување на безбедноста и заштитата на граѓаните, во ситуации кои вклучуваат  карпест и непристапен, планински терен, клисури, кањони, пропасти и останати тешко пристапни предели. Идеата за формирање на здружението првенствено  потекнува од членовите на Алпинистичкиот клуб МАТКА од Скопје, како најзасегнати околу проблемот со безбедноста и спасувањето  на планина. По сопствена иницијатива и желба, со цел поголема афирмација и запознавање на јавноста  со ваквата идеа и проблематика, членовите на АСКЛЕПИЈ се во постојана комуникација  и  со лица  кои се докажани со своите организациски способности и контакти во деловниот и корпоративен Сектор на Република Македонија,  како дополнителна поддршка  во организациската структура на оваа проблематика, која ќе може да започне со решавање, реализација  и интеграција  на спасувањето, како  дел од општествената одговорност  во    Република Македонија. Со Законот за спасување, оваа група ентузијасти гледа одлична можност за надополнување и поголема целесообразност на постоечкиот институционален систем за спасување во Република Македонија. На алпинистите, подоцна, во нивните напори им се приклучија и активисти од другите дејности летачи, скијачи, доктори и др. кои исто така се засегнати или пак солидарно и доброволно покажаа интерес околу  проблемот со спасувањето во Република Македонија.       ВИЗИЈА Македонското здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен АСКЛЕПИЈ Скопје во иднина го гледаме како силна организациска структура која во своите редови ќе ги обединува волонтерите во Република Македонија  определени за хуманост и помагање кои сакаат да се поврзат на сите нивоа со сличните организации пред се во регионот , Европа и светот.   ЦЕЛИ: 1. Спасување на луѓе, добиток и материјални добра, во планина во различни временски услови. 2. Пребарување на планински области и терени во различни временски услови. 3. Спасување од карпи и непристапни терени како клисури, кањони, пропасти и сл. 4. Извлекување на луѓе и материјални добра од карпест и непристапен терен. 5. Мониторинг за опасност од шумски пожари и други еколошки катастрофи. 6. Евакуација на луѓе и други добра од непристапни терени при елементарни непогоди. 7. Доставување храна, санитетски материјал, медицинска помош и други добра до отсечени населени места во зимски услови и други непогоди. 8. Пребарување, спасување и укажување прва помош при елементарни катастрофи (земјотреси, поплави, лавини од поголем интензитет, одрони на земја, блокирани планински патишта и сл). 9. Пребарување, спасување и укажување прва помош при сообраќајни незгоди со поголем обем (авионски, железнички, патни и други несреќи на планински или непристапен терен). 10. Спасување на луѓе и добра во индустриски објекти (непристапни места, кранови, фабрички оџаци, силоси, брани, мостови, рудници и сл). 11. Спасување на луѓе и добра на непристапни места во урбана средина (кровови, фасади, мостови, лифтови, бунари, обиди за самоубиство и сл). 12. Спасување на туристи во скијачките центри (повредени скијачи, евакуација на луѓе од блокирани жичници, други интервенции на жичниците, настрадани во лавина и сл), како и едукација на локалниот персонал за основните подготвителни постапки за спасување и прва помош. 13. Спасување на лица вработени во шумските стопанства, како и нивна подршка и едукација за постапки при различни ситуации. 14. Подршка на екипите на Електростопанство, Телеком, Радиодифузијата, Водостопанството и сл, при потреба од интервенции на непристапни терени или во неповолни временски прилики. 15. Издавање стручна литратура. 16. Издавање пропагандни материјали за превентивно делување против несреќите од ваков вид и превземање правилни постапки при истите. 17. Едукација на населението, вработените во индустријата и стопанството, за превземање правилни постапки при елементарни катастрофи и несреќи од ваков тип. 18. Поставување систем на известителни точки низ територијата на Р. Македонија. 19. Поврзување со останатите регионални и светски служби од сличен карактер за вклучување во глобалниот нотруф систем, како што е IKAR (Internazionale Komission fur Alpines Rettungswesen) и други.     СТРУКТУРА Здружението Асклепиј во своите редови има искусен кадар од областа на алпинизмот, медицински и пилотски персонал. Алпинистичкиот кадар е обучуван според критериумите на Македонската алпинистичка федерација чии норми се во согласност меѓународните стандарди – стандардите на Меѓународната алпинистичка асоцијација (UIAA – Union International des Alpinistic Assotiations, www.uiaa.com) и одговорниот орган – комисијата при неа за спасување на планина (IKAR – Internazionale Komission fur Alpines Rettungswesen). Покрај тоа во својте редови имаме квалитетно обучен кадар по меѓународни стандарди (пилоти, доктори на медицина, професори, возачи, стручњаци за телекомуникации) кои истотака се врвни професионалци во својата област. Нашите членови се наоѓаат на одговорни работни места во државните институции (Министерство за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, здравство и сл.)   СТАНДАРДИ – теренско, класично спасување реализирано од теренски екипи кои до местото на несреќата доаѓаат со помош на возила или со пешачење, и се применува доколку спасувањето со хеликоптер не е возможно….
Read more

Извештај за погинат Израелец

Во Македонското здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, на ден 25.08.2012 година во 08.10 часот од страна на лицето А. А. од Скопје по телефон е пријавено исчезнато лице во кањонот Матка со име и презиме Г. С. државјанин на Израел. Во врска со пријавувањето за исчезнато лице Г. С. изготвен е формулар за исчезнати лица, кој формулар е стандарден со Меѓународната комисија за спасување во планина (Internazionale Komission fur Alpines Rettungswesen). Веднаш се оформени тимови за спасување составен од членовите на Здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, кој се состоеше од 5 лица и тоа: Крунослав Аџиевски со назив Помошник спасител, Игор Талевски со назив Инструктор за спасување на планина и непристапен терен, Темјана Ефтимова со назив Помошник спасител, Ана Велкова со назив Помошник спасител. На 26.08.2012 година во 10.00 часот тимовите на Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, а по анализата на првичните информации за можна насока на движење на лицето Г. С., и заклучокот дека истиот најверојатно ја преминал браната и се упатил кон „Отмарова карпа“ започнаа со потрага по исчезнатото лице пребарувајќи по непристапниот терен сектор по сектор. Беа пребарувани и насоките АПБ, Четири клина, Нина, Борник по можен пад од насоката Новогодишен како и на подножјето на западната страна од „Отмарова карпа“.   Прилог фотографија бр.1 од птичја песпектива со црвена линија е обележана насоката Новогодишен, со сина линија е обележана насока на движење на лицето Г. С. и местото на можен пад. Со црвена стрелка и буквата А е означено местото каде што се наоѓа кутијата со тетратка на која се потпишуваат алпинистите и на која се има потпишано лицето Г. С., а стрелката Б го означува пронајденото тело. Во текот на пребарувањето на теренот, од страна на спасителите, а со цел лоцирање на лицето Г. С. од нивните мобилни телефони беа правени обиди за воспоставување на повик кое го носело лицето Г. С., но освен  добивање на сигнал дека телефонот е сеуште активен, истиот не беше лоциран. Од страна на еден тим од Македонското здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје на ден 26.08.2012 година беше увидено дека лицето Гидеон Сандел се потпишало во тетратката на Новогодишната насока. На оваа насока Македонската Алпинистичка Федерација има поставено кутија со тетратка за потпишување, во која се заведува ден, месец, година, час и со кого се искачувала насоката. Во тетратката е увидено дека лицето Г. С. се потпишал на 24.08.2012 година во 07,30 часот, со што се утврди дека потрагата по исчезнатото лице треба да се бара од кутијата со тетратка до излезот на оваа насока и од левата и десна страна на насоката Новогодишен поточно на „Отмаровата карпа“ по гребенот.   Прилог фотографија бр.2 – со црвена линија и број на насока 1 е обележана насоката Новогодишен. Со црвена стрелка и буквата А е означено местото каде што се наоѓа кутијата со тетратката на која се потпишуваат алпинистите и на која се има потпишано лицето Г. С. Во 15.30 часот по движење по непристапниот терен и при повторното повикување на мобилниот телефон од лицето Г. С. од страна на спасителите, а по слушањето на звукот од звонењето на истиот, се утврди правецот во кој што се наоѓаше. По спуштањето по непристапниот терен  со употреба на алпинистичка опрема се пронајде мртво машко тело, легнато на грб со рацете свртени над главата, во одредена фаза на распаѓање.   Телото беше пронајдено во атарот на селото „Света Петка“ Скопје, северо-западно од црквата „Св. Никола“ до која се наоѓа карпеста провалија со длабочина од околу 50 метри која претставува подножје од источниот дел од „Отмарова карпа“. Во подножјето  на северната страна од источниот дел од „Отмарова карпа“, се наоѓа каменест предел обраснат со средно висока стеблеста шума и грмушки. Теренот на кој е поронајдено телото е со успон од дваесет степени.     Македонско здружение за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје во 16.00 часот го извести Дежурниот центар за состојби при Министерството за внатрешни работи и од него побара да се активира воздухоплов со витло за полесно подигање на телото од непристапниот терен, притоа давајќи ги и кординатите N 41:57.1402 E  21:18.2185 на кои беше пронајдено телото. Во 18.30 часот телото беше подигнато со воздухоплов на МВР. Во акцијата за потрага на исчезнатото лице Г. С. и подигањето на телото од лице место, учествуваа покрај Македонското здружението за заштита и спасување во планина и непристапен терен Асклепиј – Скопје, и Одделот за воздухопловни единици при МВР и Единицата за специјални задачи – Тигар.     Со  Почит, Претседател, Крунослав Аџиевски  

Последен поздрав !

Последен поздрав од Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – Асклепиј до загинатите пилоти од хелихоптерската единица на МВР По повод трагичната несреќа во која животот го загубија четворица врвни пилоти од хелихоптерската единица на МВР, Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – Асклепиј од Скопје упатува најискрено сочуство до семејствата и колегите на загинатите. Тоа е ненадоместлива загуба на врвни професионалци кои многупати излегуваа во пресрет на потребите на македонските планинари и алпинисти и благодарение на чија што професионалност и пожртвуваност беа изведени многу спасителни акции. Македонските алпинисти – спасители на планина и членови на здружението Асклепиј, во овој трагичен момент сакаат да ја потсетат македонската јавност и љубителите на планините дека тоа беа големи и вистински луѓе кои знаеја да помагаат на вистински начин. И покрај големата тага, се чувствуваме горди што ги познававме овие луѓе и што можевме да соработуваме со нив. Македонското Здружение за Заштита и Спасување во Планина и Непристапни Терени – АСКЛЕПИЈ Претседател: Крунослав Аџиевски