TOURING SKIERS

Турно скијачи

 

Основен предуслов за безбедно занимавање со турно скијање, покрај добрата психофизичка подготвеност и кондиција, скијање, потребно е да завршите турно скијачка, алпинистичка обука во некој од клубовте.

Обуката е потребна за да се здобиеме со основни познавања и вештини за движење по планините во зимски услови. Таа обка е само основа која во никој случај неможе да го замени практичиот дел движење/скијање на планина.

ПРЕД ДА ОДИТЕ НА ТУРА:

-Водете сметка за исправноста на вашата опрема како не би сте довеле во ситуација таа да ве изневери токму тогаш кога таа е најпходна.

-Во моментот кога ќе праите селекциј/избор на патеката по која ќе се движити водете сметка тежината која ќе ја носите да биде во склад со вашите физички можности.

-Пред да одите на тура која не ја познавате добро проучете го описот/водичот за скицентарот или планината, а потрудете се и со помош на топогравска или лавинска карта да предвидите со какви опасности може да се соочите.

-Задолжително следете ја временската прогноза и извештаите за лавинската опасност на ски центрите или планините кои планирате да ги посетите, а правете и сами лавински профил во снегот со кој ќе ја проверите лавинската опаност на подрачјето каде планирате да се качувате или скијате. Изборот на турата усогласете го со ови податоци и во случај на неповолни услови (намалена видливост, висок степен на лавинска опасност, колемо кличество на нов снег и сл).

-Понесете со себе: цепин, дерези, лопата, лавинска онда и по можност сите во гупата користете бипери. Оваа опрема може да ви биде од корист само доколку сите члнови на групата знаат да ја користат и имаат практично искуство со истата.

-Мобилниот телефон е исто така неизбежен дел од опремата. Но за да би биде истиот од корист треба да проверите или да се информирате каква е мрежната покриеност во тој дел од планината или ски центарот. Информирајте се и за броевите на спасителната служба во тој реон.

ЗА ВРЕМЕ НА ТУРАТА:

-Избегнувајте на турите да одите сами. Доколку веќе се одлучите на таков чекор тогаш изберете тура која е популарна во кругот на турно скијачите и каде веројатноста е пголема, некој да ве примети.

-На тура одете прилично рано, за да имате доволно да ја реализирате турата. И додадете дополнително време за непланираните прилики/неприлики со кои може да се соочите на планината.

-Во случај на намалена видливост, најдобро е да ја одложите турата за некој нареден пат.

-Брзината на скијање прилагодете ја според најбавниот и најнеискусниот скијач во групата. Движете се во група, комуницирајте и избегнувајте ситуации во кои дополнително ќе се исцрпите. Имајте на ум дека во случај на незгода ќе ви треба дополнителна енргија и сила за да му помгнете на настраданиот или во друга ситуација да се упатите по помош.

-Секој турно скијач најдобро е спустот да го планира по делот во кој се качувате, затоа што на тој начин ја избгнувате опасноста за време на спустот да наидете на изненадување: мраз, лавински терен, недостаток на снег, стрмни скокови и карпи.

-Падината за која ќе одлучите дека е лависки опасна, преминувајте ја само доколку тоа е неоходно, но еден по еден, а никако не во група. Во овој случај ослободете ки каишите на ранците, ослободете се од ските ако е тоа возможно, ослободете ги ременчињата од ски стаповите кои се на вашите раце, заштитете ги дишните патишта и повторете ги уште еднаш техниките на пливање во снегот и доколку сте зафатени од лавина внимавајте да направите што е можно поголем воздушен џеб, така што вашите раце ќе ги поставите во пределот на главата.