SPELEOLOGISTS

Спелеолози

 

Спелеологијата е убава но и потенцијално опасна активност. Затоа сите оние кои планираат да се занимаваат со оваа активност им препорачуваме да завршат спелеолошка обука во некој од клубовите, каде можат да се обучат за безбедно да се движат во спелеолошките локалитети.

ОСПОСОБУВАЊЕ И ТРЕНИНГ:

Редовните посети на спелеолошките локалитети, како и редовното користење на спелолошките техники и техниките за само спасување се основен редуслов за занимавање со оваа активност. Доколку сте имале подолга пауза, а имате во план повторно да одите во посета на некој локалитет, повторете ги сите спелеолошки техники на некој спортско качувачки локалитет во присуство на искусен колега.

ПРЕД ДА ОДИТЕ ВО ПОСЕТА НА НЕКОЈ ЛОКАЛИТЕТ:

Известете ги своите најблиски или пријатели во кој спелеолошки локалитет планирате да одите, а воедно и вашите колеги од клубот кои ќе останат дома. Кажете им колку време планирате да бидите во посета на локалитетот, за во најлош случај да ги известат Спасителите и сите заедно да тргнат во ваша потрага. Кога вршите избор на спелеолошките локалитети водете сметка за вашата психо-физичка форма и тхничките познавања. Запознајте се со ходролошката состојба во објектите и пратете ја временската прогноза. На пример: во пролет и есен кога има обилни врнежи од дожд немојте да одите во понорни или полу понорни локалитети.

Ако се работи за посета, ви препорачуваме најпрвин добро да ја проучите морфологијата на објектот, да ги познавте членовите со кои одите, да го одредите времето за престој и според сите овие информации да изберете соодветна техничка опрема, резервна облека, храна, вода и евентуално опрема за бивакивање.

Во морфолошки комплицираните локалитети (подземни лавиринти) одите во посета само доколку имате соодветен водич или карта, искуство во подземна ориентација или во придружба на искисен спелеолог.

Доколку се работи за истражување потребно е да ги обработите или прочитате некои водичи книги и карти, доколку постојат, за некои спелеолошки локалитети во околината. Врз основа на тие информации или информациите кои ќе ги добиете од некои искусни колеги одредете ја количината на техничката опрема, опремата за биваквање, храна, вода.

ВО СПЕЛОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ:

-Брзината со која ќе напредувате во спелеолошкиот локалитет прилагодете ја на најнеискусниот/најбавниот во групата.

-Бидете сигурни дека секогаш ќе имате резервна светилка и доволно количество карбид.

-Како резервна светилка ви препорачуваме да користите светилка со лед диоди, поради тоа што траат подолго од другите со сјаличка.

-Доколку останете без светло застанете и чекајте некој од дугите членови од групата да ви го осветли просторот.

-Секогаш со вас носете нож и подкапа, а доколку планирате подолго да се задржите во локалитетот понесете и резервна облека и ракавици.

-Во поголемите и комплицирани локалитети, наша препорака е да одите минимум тројца, бидејќи ако се случи еден од вас да се повреди, другиот останува со повредениот, а третиот оди да побара помош.

-Користете стандардна спелеолошка опрема (PVC или Cordura комбилизони, пододела од fleece материјали, користете долна облека исклучиво од вештачки материјали, потоа чорапи од fleece материјали или нуркачки обувки и гумени ракавици) затоа што таа ќе ви овозможи безбеден и „удобен“ престој.

-Покрај стандардната лична опрема како што се: појасот, кацигата, јумар, помошна замка и неколку карабинери со матица) носете и замка од 5м и витло.

-Под кацигата секогаш носете: алуминиумска фолија, завој и фластери.

-Треба да внимавате и да знаете дека при посета на некој локалитет лесно може да дојде до хипотермија и многу важно е да го згреете ваште тело или повредениот. Но треба да внимавате да го изолирате телото од влагата и од подлогата, а со тоа ќе се зголеми можноста од појава на хипотермија..

-Ако треба да чекате некој од групатаподолго време или треба да бивакувате, а вие не носите опрема за бивакување искористете ја торбата да седнете на истата, телото да го завиете со алу фолијата и  карбидот за да запалите ога.

-Во локалитетите каде очекувате мраз треба да внимавате да не откините некој од мразулците со што може да се повредите себеси или некој од вашите колеги. Но исто така треба да внимавате да не дојде до заледување на јажето.

ДОКОЛКУ ПЛАНИРАТЕ ДА ОДИТЕ ВО ПОСЕТА НА НЕКОЈ ЛОКАЛИТЕТ НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА ДРЖАВАТА, ПОКРАЈ ГОРЕ НАВЕДЕНОТО ТРЕБА ДА ВНИМАВАТЕ И НА СЛЕДНИТЕ СОВЕТИ:

-Контактирајте го локалниот спелеолошки клуб или националната спелолошка Федерација во државата која ја посетувате.

-Информирајте се за тоа дали во локалитетот кој одите да го посетите опасност од Хистопазмоза – габични инфекции. А од нив може да се заразите со вдишување на прашината, изметот во птиците. Симптомите на оваа болест се слични на оние кај туберкулозата.

-Проверите дали постои опасност од беснило во локалитето кој одите да го посетите, а главни преносници на таа болет се лиљаците.

-Пред да одите во посета на некое од егзотичните подрачја најпрво треба да се информирате со доктор или во имунолошкиот завод, а со тоа да добиете упатства и совети за тоа како да ги препознаете симптомите но истовремено и како да ја лечите таа заразна болест.

-Секогаш имајте на ум дека спасувањето во спелеолошките локалитети и логистички , технички но и физички тешка операција која може да трее со сати но и денови.