SKIERS

Скијачи

 

Пред почеток на секој скијачки ден ви препорачуваме најпрвин да се загреете и растегнете и потоа да се упатите на скијање.

Врз основа на нашето долгогодишно скијачко искуство и искуство од акциите за спасување не секој поединец во тимот на Спасителната служба, ве советувам:

-Да одберете стаза/патека која е во склад со вашите скијачко искуство.

-Не застанувајте/одмарајте се на средината од скијачките стази/патеки, поточно тоа правете го на една од страните на стазата/патеката.

– Одржувајте ја или подобрувајте ја вашата физичка форма.

-Сервисирајте ја лизгавата површина на скиите која била оштетена за време на изминатата сезона.

-Наострете ги рабниците на скиите.

-Проверете во каква состојба се везовите на скиите и подмачкајте ги.

10 ПРАВИЛА НА МЕЃУНАРОДНАТА СКИЈАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА (ISF) ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СКИ ЦЕНТРИТЕ:

1.Секој скијач треба да внимава да не ја загрозува безбедноста на другите скијачи или бордери.

2.Секој искусен скијач треба да избери своја линија по која ќе се спушта и на тој начин ќе избегне несакан судир со дугите скијачи.

3.Во прилика кога сакате да заобиколите некој треба да оставите доволно простор на скијачот кој го заобиколувате.

4.Секој скијач својата брзина треба да ја прилагоди според своето искуство, техничка подготовка и фрекфенцијата на скијаци на стазите/патеките.

5.Секој скијач кој има потреба да помине преку стазата најпрвин треба да провери дали стазата е чиста од скијачи и штом се увери во истото, да премине на другиот крај од стазата.

6.Секој скијач има за задача својот одмор или пауза да ја прави на видливите делови од стазата/патеката. Не се препорачува овие одмори или паузи да се прават на свиоците, деловите со намлена видливост од стазите/патеките, во случај на намалена видливост на стазите/патеките.

7.Посетителите или скијачите можат да се движат по стазите или качуваат само на добро прегледните рабови од стазите/патеките.

8.Секој скијач и посетител мора да ги почитува поставените ознаки, предупредувањата како и информациите кои ви ги даваат вработените на ски центрите.

9.Во случај на несреќа секој скијач е обврзан со своите или со други скии да го обележи местото на несреќата и веднаш да се јави во службата за спасување или ски патролата на ски центрите.

10.Секој скијач на барање на вработените во ски центрите е должен да ја покаже ски картата.

Санкањето е прекрасно доживување особено за најмладите, меѓутоа недостигаат права и одговорности кои се однесуваат само на луѓето кои ги користат санките во уредените ски центри. На повеќе места во еден уреден ски центар се случува да се мешаат скијачите и луѓето со санки, што е доста опасно и извор е на доста тешки несреќи.

Што е неопходно и на што треба да внимавате:

-Да ги почитувате ознаките кои укажуваат дека на ски стазата/патеката постои забрана за санкање.

-Санкањето е дозволено само на места кои се обележани за таа намена.

-Особено внимавајте на младите кои кристат санки или скијачи кои лесно може да го напуштат местото обележано за скијање или санкање. А искусните скијачи да внимаваат на непредвидливите движења кои ги прават неискусните и млади скијачи.

-Избегнувајте да се спуштате со санките во подножјето на планините затоа што на тоа место стазите знаат да бидат замрзнати, со недоволно количество на снег или на истите да наѕираат камења.