IN CASE OF ACCIDENT

Во случај на несреќа

 

Во случај на несреќа најдобро е да ја задржите присебноста и на тој начин да пробате да ги смирите и другите.

ВО СЛУЧАЈ НА НЕСРЕЌА:

-Сочувајте ја присебноста, смирете се себеси но и другите.

-Заштитете го повредениот но и себеси од непосредните опасности (одрони, гушење, од пад, од студот и ветрот и др. На најдобар можен начин.

-Укажете му прва помош на повредениот во границите на вашите искуства и знаења.

-Означете го местото на несреќата или местото на кое се наоѓа повредениот (особено во зима).

-Задолжително известете ја Службата за Спасување

НА КОИ СЕ МЕСТА/ТЕЛЕФОНИ МОЖЕ ДА ИЗВЕСТИТЕ ЗА НЕСРЕЌАТА, А ЗА ТОА ДА Е НЕОПХОДНА ИНТЕРВЕНЦИЈА НА СЛУЖБАТА ЗА СПАСУВАЊЕ:

-Со јавување единствениот оперативно комуникациски центар. Тел.:

-Со јавување на еден од локалните Алпинистички клубови.

-Со јавување во никој од планинарските/алпинистичките домови во државата.

-Со јавување во полиција, тел.: 192

-Со јавување на бројот на бројот за итна медицинска помош, тел.: 194

-Со јавување на некој од членовите на слузбата за спасување.

ШТО СЕ ТРЕБА ДА СОДРЖИ ПОРАКАТА СО КОЈА СЕ БАРА ПОМОШ:

-Кој се јавува (име, презиме, телефон/мобилен) и на тој начин доколку се потребни дополнителни информации да може да ви се јавиме.

-Од каде се јавувате и на кој начин дознавте за несреќата (како очевидец или посредник) и да дадете прецизен опис на местото на кое се наоѓате.

-Податоци за настраданиот (име, презиме, години, адреса).

-Што се случило, причините за несреќата или информирате за бројот на повредените и повредите со кои се здобиле.

-Дали до местото на несреќата има пристапен пат, велосипедска или планинарска патека.

-Дали до местото на несреќата има ширина со димензии 40м на 40м за да може да слета хилихотерот.

-Каква е вегетацијата околу вас (густа, висока и сл.).

-Каква е видливоста/облачноста околу метото на несреќата (ниска, висока).

-Каква е состојбата со ветрот на терен и дали тој дува: константно, во рафали или силно.

-Што сте превземале и кои мерки за прва помош сте му ги пружиле на повредениот.

БАРАЊЕ ПОМОШ:

-Повикот за помош на планина или на карпа се дава со помош на звучни или светлосни знаци.

-Повиците за помош треба да се повторуваат се додека не се оствари добра комуникација со оние од кои чекате да ви помогнат.

-Знаците за помош се даваат шест пати во минута и се повторуваат на секоја втора минута, а додека одговорот се дава на истиот начин со тоа што тие се повторуваат три пати секоја втора минута.

-Доколку треба да дадете знак на хилихоптер кој прелетува над вас, а вам ви е потребна помош поставете го телото во форма на буквата (Y), а доколку не ви е потребна помош телото го поставувате во форма на буквата (N).