CLIMBERS

Качувачи

Завршена Алпинистичка или Спортско качувачка обука во клубовите членки на сродните Федерации, услов е за сигурно практикување со овие екстремни спортови.

Сепак, многу може да се научи и од особа која ја има завршено обука во школите за Алпинизам или Спортско качување и истата се стекнала со одредено искуство за тие наколку години додека траела таа обука, но треба да бидете апсолутно сигурни дека таа особа владее со Алпинистичките или со Спортско качувачките техники и нив правилно ги применува. Дури и по завршената обука во некои од клубовите и школите за Алпинизам и Спортско качување, препорачуваме во почетокот да качувате со некој поискусен од вас се додека вие не ја стекнете потребната сигурност во себе. Корисните совети на искусните качувачи ќе бидат од огромна помош за вас и достигнување на посакуваните резултати.

ОПРЕМА ЗА ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ:

Иако кацигата во кругот на Спортските качувачи е непопуларна, секогаш постои и најмала можност да досјде до несакани повреди на главата (ронлива карпа, качување повеќе должини,….). Секогаш носете кацига и кога седите и кога качувате. Кацигата кај Алпинистите е едно од задолжителните парчиња опрема.

ПРОВЕРКА НА ОПРЕМАТА ЗА КАЧУВАЊЕ:

Кога купувате или поседувате опрема, проверете дали тоа парче опрема има ознака за сигурносениот стандард, кој гарантира дека тоа парче опрема ги има поминато потребните испитувања (CE). Внимавајте од кого позајмувате опрема

Карабинерите, алатките за осигурување или било кој друг метален или пластичен дел од опремата ако ви паднал од висина на тврда подлога сметајте го за неупотреблив и по можност фрлете го или користете го за нешто друго но не за качување. На тоа парче опрема можно е да се појават невидливи за голо око пукнатини, кои можат да предизвикаат пукање на тоа парче опрема.

ПРОВЕРЕТО ГО СВОЕТО И ПОЗНАВАЊЕТО ЗА РАКУВАЊЕ СО ОПРЕМА И ТЕХНИКИТЕ НА КАЧУВАЊЕ НА ВАШИОТ ПАРТНЕР:

Во минатото, а и понатака луѓето кои осигуруваат знаат да направат сериозни пропусти: неправилно ракување со алатката, испуштање на мртвото јаже и др. со што на многу едноставен начин, нечив живот го ставаат во опасност. И оние кои се сметаат за искусни качувачи знаат да направат фатали грешки: погрешно наврзување на јажето или јажето не го протнале низ двата прстени од појасот. Овие недостатоци пожелно е да се повторуваат и проверуваат од страна на двајцата качувачи.

КОМУНИКАЦИЈА СО ПАРТНЕРОТ:

Човекот кој осигурува и оној кој качува секогаш треба да знаат што тој другиот има на ум и до каде е нивната  горната граница до која можат да одат. Партнерите меѓусебно треба толку добро да се познаваат што еден на друг треба да си ги читаат движењата и потезите кои треба да ги направат за време на качувањето. Треба особено да внимавате на командите за кои предходно сте се договориле со вашиот партнер пред качувањето и во целост да ги спороведувате.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ:

Заедно со вашиот партнер треба добро да се информирате за: должината на насоките, тежината на насоките, осигурувањето, квалитетот на карпата, изборот на опрема за локалитетот и насоките кои сакате да ги качувате. Најчесто се случуваат несреќи поради употребата на несоодветната должина на јажето, изборот на опремата за осигурување и качување на насока со техничка тежина несоодветна на качувачките можности на наврската.