CAVE DIVERS

Спелеонуркачи

 

Пред секое њуркање треба да направите добра припрема и избор на опремата, но и добра психо-физичка подготовка како и увежбување на некои несакани ситуации кои треба да се вежбаат на отворени води. Сите несакани ситуации кои можат да се случат само по себе нема да предизвикаат смрт кај њуркачите, но во поголем процент настанува поради стресот или паниката кој се јавува кај њуркачите за време на таква несакана ситуација

Од сето ова може да заклучиме дека најважна припрема за безбедно спелео-нуркање е тренингот и одличната припрема за сите несакани можни сценарија кои може да се јават за време на нуркањето, а истиот треба да се одвива на отворени води.

ПРИПРЕМА ПРЕД НУРКАЊЕ:

-Задолжително е да користите јаже или замка без раслика дали станува збор за едноставен локалитет/пештера. Препорачлива должина на јажето/замката да биде 70м долго и да има пречник од 4мм.

-Задолжителен дел од личната опрема без која нетреба да планирате нуркање е јаже или замка со должина до 15м.

-Во случај да одите во посета на локалитет каде очекувате силни подводни струења, задолжително е да користите јаже/замка со минимална дебелина од 8мм.

-Покрај компијутерот за нуркање кој нуди неколку модули за воздух и Nitrox, пресметка за детоксикација и др., задолжително е да носите и сат и инструмент со кој ќе ја одредите длабочината.

-Не носете дисалка бидејќи постои голема можност истата да ви пречи или да се заплетка.

-Задолжително носете резервна маска околу вратот.

-Минималното количество на воздух во боците за кислород треба да изнесува 2000л.

-Задолжително заштитете ги вентилите бидејќи постои голема опасност од нивно оштетување.

-Задолжително користете или носите back-up систем за довод на воздух (октопусот не е доволен), два одвоени регулатори на два одвоени вентили. Најдобро е да носите две одвоени дополнителни боци со кислород.

-Многу се подобри DIN конекторите од INT конекторите.

-Другиот регулатор прицврстете го во пределот на градите, а најдобро е да ви биде обесен околу вратот.

-Двата манометри прицврстете ги некаде во пределот на градите, на тој начин ќе ви се попрегледни.

-Целосното одело го избирате зависно од температурата на водата во локалитето и на тој начин ја намалуате можноста од хипотермија.

-Копчите/токите за брзо ослободување на појасот со олова не е најприкладен за употреба бидејќи може лесно да се ослободи. Добро е копчите/токите да ги свртиме на страна и на тој начин ќе спречиме таа да се ослободи.

-Задолжително е да носите заштитна кацига, на која најчестоја носиле и светилката.

-Обавезно е користење на најмалку три независни извори на светлина.

-Еден од трите извори за светлина треба да биде на батерии и пред секое ново нуркање потребно е да ги замените батериите.

-Задолчително имајте на себе нож кој може да го користите со една рака.

-Користете пократки пераи од обичните.

-Обавезно носете табличка за комуникација и соодветен фломастер/маркер за пишување, бидејќи може да имате проблеми во комуникацијата.

-Кога ќе се облекувате добро е да направите свој сопствен редослед а облекување и проверка на опремата и на тој начин ќе ја избегнете можноста да заборавите некој дел од опремата или погрешно да го наместите.

-Партнерите (нуркачи) си помагаат еден на друг и на тој начин заштедуваат време и не се чекаат.

-Трезвена и бистра глава е најважен дел од опремата која ви е потребна!!!

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВАТЕ ДОДЕКА ЊУРКАТЕ:

-На влезот во објектот/пештерата задолжително треба да фикситаме јаже/замка за да може слободно да излеземе, а исто така треба и добро да ја поставиме таа почетна точка за при нашето напредуање, случајно да не ја ослободиме.

-На влез во објектот (под вода) требе да поставиме доволно цврсто меѓу сидриште за во случај ако некој од горе ни ја ослободи замката да може безбедно да стигнеме до отворот.

-Во сифоните имајте добра балансираност поради можноста од подигнување а тоа може да доведе до лесна повреда, но нешто слично може да се случи и кога видливоста ви е намалена.

-Правилна позиција/положба на телото. Нозете треба да ви бидат благо подигнати нагоре, а глаата умерено надолу, што е за право обратно од ова што се практикува кога се њурка на отворени води.

-Техниките на пливање се потполно различн од оние на отворени води, како на приер: одтургнување со нозете и рацете од подлогата (одење по подлогата), а тоа се прави со една цел, да се заштеди на воздух, да не се предизвика заматување на водата но и да се чува енергијата на њуркачот.

-Да се внимава јажето/замката да биде под постојан напор/тензија.

-Да внимаваме правилно да го фиксираме јажето/замката и тоа да биде добро затегнато како истото не би паднало во тиња или да се трие од подлогата, а со тоа да дојде до оштетување на истото.

-Внимавајте на правилото за користење на третина воздух од боците. Една третина користите за напредување, една за враќање и третата служи за резерва и тој воздух се користи само во итни ситуации.

КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВАМЕ ОДКАКО ЌЕ ГО ОДМИНЕМЕ СИФОНОТ:

-Најважно е да бидете многу внимателни за време на напредувањето и понатамошното истарување одкако ќе го одминете сифонот затоа што и најмала повреда која надвор не би била битна, на такво место и ситуација може да ве онеспособи, а со тоа и да го отежни или во целост да ве онеспособи во враќањето назад.

-Во случај кога оставате њуркачка опрема и продолжувате со истражувањето задолжително подигнете ја опремата над нивото на водата доколку е тоа возможно и прицврстете ја добро како не би дошло до нејзино оштетување или губење и со самото тоа да го доведиме во опасност и нашиот но и животот на нашите колеги.